Некогаш Шајло, денес Џон: Сите трансформации низ кои помина ќерката на Џоли и Пит, која наскоро ќе го менува полот
Актерите покрај Шајло имаат уште пет деца од кои две им се биолошки, додека три се посвоени...
Во 2005 година Анџелина Џоли во бракот со Бред Пит ја доби ќерката Шајло Нувел. Девојчето е родено во Намбија, а двојката ексклузивните фотографии ги продаде за магазините „People“ и „Hello!“ за нешто повеќе од 7 милиони долари, кои потоа ги донираше во УНИЦЕФ.
Анџелина, покрај Шајло има уште пет деца, од кои две се биолошки, додека три се посвоени. Најстариот син Медокс, кој денес има 19 години, Анџелина го посвои во Камбоџа, каде го снимаше популарниот филм за хероината Лара Крофт. Медокс тогаш имаше само 7 месеци.
Три години подоцна, во 2005 година, Анџелина од Етиопија ја посвои и шестмесечната Захара, а тогаш со неа замина и Бред Пит, со кој истата година ја започна врската. Веќе следната година, Бред ги посвои Медокс и Захара, кои го добија презимето Џоли - Пит.
Во март 2007 година на семејството му се придружи уште еден член, тригодишниот Пакс Тиен од сиропиталиштето во Виетнам. Во 2008 година за време на филмскиот фестивал во Кан, Анџелина потврди дека очекува близнаци. Два месеци потоа се родени Нокс Леон и Вивиен Марселин, а папараците две полни недели дежураа пред болницата во Ница за да ги добијат првите фотографии од мајката и бебињата. Првите фотки, брачната двојка ги продаде на истите магазини за вртоглави 14 милиони долари, а сите пари ги уплати во нивната хуманитарна организација. Тоа беше најголемиот износ кој некогаш бил уплатен за фотографии од бебиња на познати ѕвезди.
Од сите деца, за медиумите најинтересна е Шајло, која неодамна наполни 15 години. Веќе со години се зборува дека ќерката на познатата двојка сака да биде момче, а од минатата година наводно се вика Џон.
Бред за одгледува на Шајло првпат проговори во 2008 година кај Опра Винфри и тогаш откри дека ѝ се обраќаат со машко име, додека Анџелина по овој повод се огласи две години подоцна кога изјави дека сето тоа почнало кога Шајло имала само три години.
„Таа сака да биде момче, па ѝ ја скративме косата. Таа сака да носи машка облека и мисли дека е една од браќата“ - кажа тогаш актерката, која во потполност ја поддржува таквата одлука од самиот почеток. Како што пренесуваат странските медиуми, наводно Шајло / Џон, ќе го промени и полот, а многумина ова дете го слават како ЛГБТ икона.
Тинејџерката која ја интригираше јавноста и медиумите од најрана возраст, неодамна успеа да ја засени и својата мајка, како и браќа и сестри со својот изглед.
Имени, откако во јавноста се појавија фотографии од семејното дружење, многу обожаватели на Џоли забележаа дека Шајло пораснала преку ноќ.
„Па таа е висока како Анџелина“, „Кога мајка ѝ би ги соблека високите потпетици, Шајло би била повисока“, „Кога ова дете порасна толку“ - се само некои од коментарите.
Исто така, сите забележаа дека Шајло повторно ја има пуштено косата, која до неодамна ја шишаше кратко.
фото: Profimedia