Некогаш смеа, денес тага: Мајката на Кика Ѓукиќ го сподели видеото кое јутјуберката не успеа да го објави (ВИДЕО)

Некогаш смеа, денес тага: Мајката на Кика Ѓукиќ го сподели видеото кое јутјуберката не успеа да го објави (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

На видеото се гледа дека добро се забавувале, но не е познато зошто младата гејмерка никогаш не успеала да го објави на својот канал...

Вчера се одржа едногодишниот помен на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ, која трагично го загуби животот минатиот декември. Нејзината мајка во солзи порача пред медиумите дека на 8 декември сакала да го објави видеото, кое нејзината ќерка никогаш не го објавила јавно.

„Го чекав денешниот ден“ - кажа таа во солзи. Видеото кое Кика никогаш не го објави, Наташа го објави на својот Јутјуб кнаал, а во него може да се види Кика, која во видеото кое го снимила со нејзината мајка е видно расположена.

„Мојот специјален гостин, мислам дека ова е трет или четврти пат да снимаме заедно“ - кажа Кика во видеото, каде мајката и ќерката заедно играле игра за цртање на зададените предмети и дејства, а следбениците на јутјуберката требало тоа да го изгледаат.


Во видеото кое трае околу 11 минути, Наташа и Кика постојано се насмеани, се гледа и дека се забавуваат и уживаат, додека Наташа денес константно ги брише солзите поради загубата.

На крајот на видеото, Кристина им порачува на следбениците:

„Доколку би сакале да снимам уште видеа со мајка ми, оставете коментари“ - кажа таа, додела нејзината мајка денес ги чита тажните коментари под тоа видео, во кои обожавателите на Кика, главно ја тешат.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: