Неколку факти кои не сте ги знаеле за Милош Биковиќ
Дедо од Македонија, мерак за Русинки.
Милош Биковиќ е роден во Белград на 13 јануари 1988 година. Актер по кого лудуваат девојките од поранешните југословенски простори, но ги краде воздишките и на руската публика.
Улогата која го прослави е онаа на Александар Тирнаниќ „Тирке“ во филмот на Драган Бјелогрлиќ - Монтевидео, Бог те видео!, иако претходно имал уште неколку помали улоги.
-Иако неговото богатство сега се проценува околу милон долари, Биковиќ е скромен тип и израснал во белградската населба Карабурма, во сиромаштија.
-Завршил основно училиште „1.300 каплари“ во Звездара и бил одличен ученик, но имал едица за своето однесување (поведение). Често бегал од часови и лошо се однесувал. Омилени теми му биле српскиот јазик и уметноста.
-Тренирал кошарка, теквондо, пливање и аикидо.
-Неговите родители се развеле кога Милош имал само шест месеци, а татко му живеел не релација Србија и Германија. Тој починал кога актерот се запишал на Факултет за драмски уметности во Белград во класата на Драган Петровиќ.
-Неговиот дедо од страната на татко му е од Берово, што значи дека актерот има македонско потекло.
-Има 16 години постар брат Михаило, кој е игумен на манастирот Јовања.
-Првата улога Милош ја доби благодарение на актерката Оливера Викторовиќ, која го забележала на натпревар во рецитирање.
-Верата во Бога има голема улога во неговиот живот. Верата во Семоќниот го доведе до една од најважните улоги, која беше отскочна даска за неговата кариера во Русија-историскиот руски филм „Сунчанице“.
- Неостварена желба на Биковиќ е заедничка глума со доајените на српското актерство Милена Дравиќ и Бранко Плеша.
-Милош отворил Инстаграм во 2013 година, првата слика имала 9.119 лајкови.Сега го следат речи 2 милиони обожаватели.
-Едно од неговите омилени места во Белград е барот Ѓура, каде може често да се сретне.
- Сака техно, хаус и рејв музика.
-Добитник е на неколку филмски престижни награди од регионот, а се појавил и во 2 музички спота.
-Го поврзуваат со многу убавици, а никогаш не се откри што се случило меѓу него и младата пејачка Невена Божовиќ, каде тој глумел во нејзиниот спот.
-Биковиќ имал 2 посериозни врски во минатото, едната со Саша Лус, 27-годишен руски модел, другата со руската актерка Аглаја Тарасова од 2016 до 2018 година.
-Летово тој го помина на Бали со својата девојка, црногорската манекенка Ивана Малиќ, а веднаш по одморот продолжил со снимање на рускиот филм Слуга, во кој глуми со бившата девојка Аглаја Тарасова.
- Како свој идол го наведува неповторливиот Зоран Радмиловиќ.
- Неговиот омилен писател е Фјодор Достоевски.
Милош Биковиќ во моментов е актуелен со неверојатната љубовно хумористична серија ,,Хотел Београд“, која во секое време може да ја погледнете на првата македонска платформа Gley. Биковиќ ја игра и главната улога во балканската хит серија ,,Јужни ветар“ а дел е актерскиот тим на научно-фантастичниот руски акционен филм ,,Кома“ кои се само дел од богатата филмска понуда на Gley.
Gley.tv е достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, на компјутер, како и на MaxTV приемниците.
Пр објава