Нема човек кој не се радува на пакетче: Новогодишно интервју со младата музичка ѕвезда Мина Блажев

Нема човек кој не се радува на пакетче: Новогодишно интервју со младата музичка ѕвезда Мина Блажев

Објавена во: Stars // Интервјуа

Младата пејачка Мина Блажев, публиката ја запозна од музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Иако тогаш беше едно срамежливо деовјче, сега смело се бори за своето место на македонското музичко небо, а за тоа се доказ и бројните настапи кои ги има низ клубовите и кафулињата низ државата.

За Хаштаг, Мина открива детали од својата кариера, но ни зборуваше и за плановите кои ги има направено за оваа година, а тука се и сеќавањата околу новогодишните празници. Имено, пејачката ни откри кога престанала да верува во Дедо Мраз, какви сеќава и носи првиот дочек без родителите, но и каде ја прослави оваа Нова година.

# Кога е твојата музичка кариера во прашање, оваа година направи голем чекор, почна да настапуваш заедно со Жаре Бербер. Какво е чувството кога треба да ја забавуваш публиката?

Многу сум среќна што имам можност да настапувам во толку полни клубови! Секако ова е едно огромно искуство за мене, но исто така и една голема ете да кажам нова одговорност баш поради тоа што треба да забавувам толку многу луѓе. Со оваа можност која што ми беше дадена си докажав на себе дека тоа е нешто кое сакам да го правам и ме исполнува!

# Беше гостинка и на големиот концерт на ДНК, кој во декември го одржаа во А1 арената. Какво беше чувството да се настапува пред полна сала? Дали сонуваш и ти еден ден да ја наполниш истата?

Тоа е чувство кое не би знаела како да го опишам! Нешто што може само да се почувствува, но не и да се опише со зборови! Нормално би сакала еден ден и јас да бидам на нивното место, тоа е сон на секој артист кој што се занимава со оваа работа!

# Какви се твоите планови за 2023 година, кога е музиката во прашање?

Планирам уште повеќе да и се посветам на музиката! На настапите во живо и на нови песни! Кога станува збор за песна, секако не се брзам, затоа што сакам да ја пронајдам вистинската! Но, се надевам дека во скоро време ќе слушнете нешто ново и од мене!

# До колку години веруваше во Дедо Мраз и кога сфати дека тој всушност не постои?

Па не сум сигурна точно до која година верував. Мислам дека сум била доста мала кога сум сфатила дека не постои, затоа што бев многу љубопитно дете. 

# Кој ти е омилен новогодишен подарок што го имаш добиено?

Дефинитивно можам да кажам дека е куче! Пред неколку години го добив моето куче за Нова Година! Сепак љубовта која што постои помеѓу човекот и своето милениче не може да се спореди со ниту еден поклон.

# На колку години за првпат ја дочека Новата година со друштво? Какво искуство беше тоа?

Можеби имав околу 14 години! Прославата ја направивме кај една од другарките! Превозбудени бевме затоа што првпат славиме Нова година без присуство на нашите родители! Се беше супер, искрено бевме мирно друштво така да немаше никакви проблеми. Ја пречекавме Новата година со добра музика и добро друштво!

# Кој дочек досега никогаш нема да го заборавиш?

Најважно ми е да сум со моите најблиски! Но, покрај тоа јас сум човек кој многу сака да патува, да запознава нови култури и градови! Така да секоја Нова Година која сум ја прославила во некој друг град или држава би рекла дека за секогаш ќе ми остане во моите сеќавања!

# Дали и денес се радуваш на новогодишни пакетчиња?

Даа, сеуште се радувам на пакетчиња!! Нема човек кој не се радува на пакетче. Иако е доста клише подарок, мислам дека позади секое пакетче се крие многу љубов и внимание!

# Како ја прославишоваа Новата година?

Оваа Нова Година ја прославив надвор од нашата држава! Како што веќе кажав, многу сакам да патувам така да сигурна сум дека ќе биде една од тие кои за секогаш ќе ги паметам!

И. Мисајловска

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: