Нема да чекаме уште долго: Џои Кинг откри кога ќе го гледаме „The Kissing Booth 3“

Нема да чекаме уште долго: Џои Кинг откри кога ќе го гледаме „The Kissing Booth 3“

Објавена во: Stars // Филм

Џои Кинг ги израдува своите обожаватели со највата за третото продолжение на филмот „The Kissing Booth“.

Како што откри на доделувањето на наградите „People's Choice“, филмот ќе пристигне следното лето.

Таа на оваа манифестација ја освои наградата за Најдобра ѕвезда во комедија за 2020 година, додека филмот „The Kissing Booth 2“ ја освои Наградата за најдобра комедија за 2020 година.

„Цела оваа година беше чудна, знам дека нема да бидат единствена на сцената која ќе го каже тоа, но фактот дека мојот филм и мојот лик насмеале некој, ми става насмевка на лицето. Тоа ме прави среќна.“ - рече таа и потоа додаде:

„Си реков самата на себе дека ако победам, со вас ќе го споделам возбудливиот дел од вестите... сакам да ви кажам дека третиот дел од филмот „The Kissing Booth“ доаѓа на лето во 2021 година“ - возбудено откри Кинг.

„Толку сум возбидена, би сакала да тоа да биде уште утре. Ви благодарам што го сакате овој филм и мојот лик“ - заврши таа.

Само два дека откако вториот филм се појави на Нетфликс, оваа стриминг компанија соопшто дека третиот дел е веќе снимен.

„Доаѓа на Нетфликс во 2021 година #TheKissingBooth3. Пресреќна сум! Дали Ел треба да оди на Беркли или Харвард?“ - напиша покрај видеото познатата главна актерка и продуцентка Џои Кинг, која со остатокот од актерската екипа најави продолжение на филмот.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: