Нема да оди во Дизниленд: Откриено е како момчето со џуџест раст ќе ги потроши 700.000 долари
Сите се изненадија кога кажаа дека собраните пари нема да се потрошат на патување.
Семејството Квајден Бејлс од Австралија, на момчето чие видео за малтретирањето го заобиколи светото, го одби патувањето во Дизниленд и вети дека собраните 700.000 долари ќе ги донира во хуманитарни цели, пишува Дејли мејл.
9 - годишното момче со џуџест раст стана глобална ѕвезда откако неговата мајка ја започна кампањата против малтретирањето.
Се започна со едно вирално видео во кое малото момче зборува дека сака да умре откако било матретирано во училиште.
Отворена е и страница на GoFundMe со цел да се соберат пари, за момчето да може да го посети Дизниленд.
Повеќе од 20.000 донатори од целиот свет собраа неверојатна сума од 723.000 долари.
Меѓутоа, во четвртокот попладне неговото семејство ги изненади обожавателите кога го одби патувањето, велејќи дека повеќе би сакале парите да ги дадат во хуманитарни цели за да се продолжи борбата против малтретирањето и самоубиствата.
„Сакаме парите да одат во организациите на кои навистина им се потребни. Тие ќе знаат на што да ги потрошат парите. Колку само самоубиства се имаат случено во нашето друштво поради малтретирањето“ - рече тетката на момчето, Мунданара.
Семејството истакна дека се уште размислува на кој да ги донира парите.
Парите се само мал дел на поддршка и помош кои ги доби момчето. Па така медиумите пренесуваат дека ова момче доби нова фризура во најпознатиот салон и гардероба од австралиски бренд.