Нема ништо поубаво, поискрено и почисто од љубовта на мајката кон детето
Се вели дека на светот нема ништо посилно од мајчината љубов, а тоа го докажува Ники Антрам (46), самохрана мајка од Австралија.
Имено, нејзиниот син Џими (29) е неподвижен, па го носи на грб и заедно патуваат на разни места. Џими е роден со физички и ментални пречки. И не само тоа, Џими е слеп и му треба постојана грижа.
Ники го родила кога имала само 17 години, но и тогаш си се заколнала дека ќе му го даде најдобриот живот. Иако Џими не гледа, тој ужива да биде со својата мајка, бидејќи доживеал нуркање со делфини, јавање, па дури и летање во балон со топол воздух.
Носењето на синот ќе и станува се потешко
Ники е свесна дека старее и дека носењето на синот на грб ќе станува се потешко, па затоа и Џими користи инвалидска количка.
„Кога го планирам нашето патување, секогаш внимавам да имам доволно пелени, облека, навлаки за перници и чаршафи. Подготвувам сè однапред и го најавувам нашето пристигнување каде и да одиме, во ресторани, хотели, на различни атракции“, рекла оваа жена.
„Дури и да знам дека сè ќе биде во ред, сакам однапред да ги известам кој доаѓа, за да бидам сигурна дека се разбираме и дека сè ќе биде добро“, додава таа.
Како единствен недостаток на овие патувања, Ники го издвојува сместувањето кое не е секогаш лесно да се најде.
„Среќен сум бидејќи Џими има слични интереси како мене. И двајцата уживаме во природата, водата и авантурите. Од Бали до Хаваи, останавме надвор цела ноќ, бидејќи и тој сака да се забавува, а јас наоѓам начини да се погрижам да има добар живот полн со авантури. Најчесто ужива и во наједноставните работи“, вели Ники за авантурите со синот.
Ники вели дека секојдневно учат нови зборови и движења заедно и дека тој е нејзина инспирација.
„Тој е секогаш среќен и насмеан. Понекогаш се прашувам како можам да бидам тажна кога го гледам насмеан, иако никогаш не видел бои, облици, виножита … сепак седи и ми се смешка. Тој не ме гледа на конвенционален начин, но сигурна сум дека има слика за тоа како изгледам во неговиот ум“, заклучува оваа храбра мама.