Нема поефикасна: Песна која загарантирано го поправа расположението

Нема поефикасна: Песна која загарантирано го поправа расположението

Објавена во: Stars // Музика

Ниту една друга песна нема толку да ви го поправи расположението како кога ја слушате оваа песна...

Кога се чувствуваш лошо, тажно, како целиот свет да ти се срушил и ништо не е како што треба, ова е песната која треба да ја слушаш. Се покажало дека е единствена која најдобро и најефикасно го подига расположението. Пуштете ја и проценете сами - кога ќе дојдете до половина песна сигурно ќе почнете да танцувате и пеете.

Можеби би било очекувано тоа да биде песната „Happy“ од Фарел Вилијамс или „Shake it Off'“ од Тејлор Свифт, но ниту една од нив не е таа која најголем број луѓе ја одбрале како песна која го крева расположението и носи среќа. Барем на 3 минути и 37 секунди, во твојот живот кој во еден момент изгледа како најлош на светот, оваа песна малку ќе те подигне. Во Велика Британија е направено истражување во кое се испрашувале луѓето која песна им прави да се чувствуваат подобро, а голем број од нив се сложиле околу една - хитот на Квин „Don't Stop Me Now“.


Иако оваа песна е од 1979 година и понатаму е хит кој сите го знаат, сепак е хит кој сите го знаат и кој носи на некое убаво и весело место. Невозможно е да се каже која е дефинитивната песна која прави да се чувствуваме подобро, бидејќи секој ќе каже некоја друга и нема да се сложи со изборот на другите личности, но постојат и одредени детерминанти кои се покажуваат како клучни во овој избор. За песната да го поправи расположението, мора да има побрзо темпо и среќна и забавна мелодија. Нема лесни и меланхолични ритми. Таквите песни тешко дека ќе ги избере некој кој ќе добие прашање која песна го поправа расположението. Песните кои луѓето претежно ги одбраа во ова истражува се претежно поп хитови, кои се со малку побрзо темпо од стандардните поп песни. Не мора да се сложиш со овој избор и тоа е во ред! Која е твојата песна која загарантирано ти го поправа расположението?

Извор: teen385.com

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: