Нема помош за неа: Познатата поп ѕвезда вели дека ќе умре оваа година
Вестите за смрт на ѕвездите најчесто се однесуваат на неславните криминални дела на раперите и раперките, а многу ѕвезди од тој свет често умираат и од предозирање и други проблеми. Кога секој би знаел кога му е последната можност за да направи нешто, веројатно ќе се обиде да ужива во секоја секунда. За жал, младата поп ѕвезда веќе ги одбројува последниот минути од својот живот, односно месеци, бидејќи нејзината тешка болест напредува. Се испоставило дека во минатогодишниот Божиќ ќе биде последниот во нејзиниот живот, како што тврди таа.
Сара вели дека ракот ѝ се проширил на 'рбетот и дека има малку шанси да живее повеќе од уште неколку месеци. Таа ја отвори душата во својата книга „Hear Me Out“, во која признава дека нејзиниот крај е близу: „Во декември 2020 година, докторката ми рече дека овој Божиќ воедно е мојот последен. Не сакам конкретна прогноза кога ќе умрам, мислам дека никој не го сака тоа“ - напиша пејачката.
„Удобноста и да трпам што е можно помалку болка за мене е најважно за сега. Се обидувам да живеам и да го користам секој момент од мојот живот, без оглед на тоа колку ќе трае. Пијам и чаша, две вино, бидејќи ми помага да се опуштам. Сега сакам да уживам, затоа што не знам колку ми остана“ - открива ѕвездата.
Сара признава дека и самата чувствува дека зрачењето нема да вроди со плод и дека поради него може да се чувствува само полошо и да ја изгуби косата, а пејачката веќе ја изгуби едната дојка и поради тоа не сака да ризикува да изгуби уште нешто во овие месеци.
„Се надевам дека ќе можам да направам една последна голема забава за да ги видам сите свои пријатели и семејство за последен пат. Да им се заблагодарам и да им кажам збогум“ - заклучува Сара.
Сара инаку е голема поп ѕвезда, бидејќи беше дел од групата „Girls Aloud“, во која беше и Шерил, денес една од најпопуларните ѕвезди на таа генерација.