Немате исти привилегии како вашиот најмлад брат или сестра: 10 интересни работи што треба да ги знаете ако сте средно дете

Немате исти привилегии како вашиот најмлад брат или сестра: 10 интересни работи што треба да ги знаете ако сте средно дете

Објавена во: Совети // Семејство

Време е средните деца да го добијат вниманието кое го заслужуваат...

Доколку сте средно дете, веројатно сте се навикнале на тоа од време на време да ве занемаруваат и игнорираат. Веруваме и дека барем во еден момент сте помислиле дека немате еднакви привилегии како вашиот помлад брат или сестра. Во продолжение се неколку факти кои сите средни деца треба да ги знаат, со цел да се чувствуваат посебно.

# Средните деца имаат свој ден

Официјалниот Меѓународен ден на средните деца се прославува на 12 август. Изгледа дека ова лето ќе имате уште една причина за славење, соберете го друштвото и прославете го фактот дека сте средно дете. Иако тоа е ваш ден, ве советуваме тортата да ја поделите со браќата и сестрите.

# Средните деца изумираат

Не грижете се, се е во ред со вас, но додека во минатото просечно семејство имало четири или повеќе деца, сега многумина имаат само едно или две. Тоа значи дека бројот на средни деца во светот се намалува, па поради тука е фактот дека вашата појава во иднина ќе биде реткост.

# Повеќе од половина сите претседатели на САД биле средни деца

Доколку некогаш се чувствувате лошо што сте средно дете, сетете се на овој факт. Претседателите како Абрахам Линколн, Џон Кенеди и Теодор Рузвелт имале слични проблеми како што имате вие, а станеле лидери на модерниот свет.

# И познатите ѕвезди се средни деца

Познатите личности и историски личности исто така израснале во семејства во кои биле средно дете. Ѕвездите како Џенифер Лопез, Бил Гејтс, Мајкал Џордан и Мадона исто така се средни деца. На таа листа се придружуваат и големи историски личности, како што се Нелсон Мандела, Волт Дизни и Мартин Лутер Кинг Јуниор. Веруваме дека не е лошо да си во друштво на овие великани.

# Постои и синдром на средно дете

Станува збор за теоријата која ја смислил психологот Алфред Адлер на почетокот на 20 век. Теоријата зборува дека средните деца се чувствуваат изоставено, бидејќи обично не ги добиваат привилегиите кои ги имаат најстарите деца, но не го добиваат ниту вниманието кое го добиваат најмладите деца. Иако ова прашање се истражуваше со години и не се пронајдени универзални и конкретни докази, оваа ситуација со сигурност звучи познати на секое средно дете.

# Средни деца во потполност се разликуваат од најстарите

Дали некогаш сте се запрашале зошто вие и вашиот најстар брат или сестра сте толку различни? Одговорот веројатно лежи во тоа шот вие сте средно дете. Имено, одредени психолози велат дека кога најстарото дете ќе заземе одредена улога во семејството, следното дете во семејството ќе сака да ги има сосема спротивните карактеристики за да се издвои.

# Средните деца имаат посебни доблести

Веќе споменатиот психолог, Адлер и останатите научници сметаат дека средните деца развиваат вештини кои останатите деца можеби нема да ги имаат. Средните деца ги красат карактеристики како оптпорноста и самостојноста, а многу средни деца се добри во дипломатијата. Исто така, Адлер смета дека поради недостатокот на родителско внимание, децата обично сакаат да водат битки против разни облици на социјални неправди.

# Тие се потценети

Поради наведените карактеристики, експертите сметаат дека средните деца подобро се соочуваат со големите животни проблеми од останатите деца, покрај тоа што често се потценувани.

# Сите ги сакаат средните деца во семјствата од телевизија

Обично средните деца во сериите се многу паметни. Сетете се само на Лис Симпсон од „Симпсонови“ или Алек Данпи од „Модерното семејство“.

# Средните деца имаат и свој сојуз

Меѓународниот сојуз на средни деца е основан од Брус Хопман, кој како што можете и да претпоставите е средно дете. Хопман се залага за Денот на средните деца да се премести на 2 јули, датум кој се наоѓа на средина на годината.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: