Немој да имаш нереални очекувања: 6 работи кои двојките ги прават само Инстаграм, но не и во реалноста
Лесно е да поверуваш дека нивните врски навистина изгледаат совршено, но тоа скоро никогаш не е реалност...
Како и многу други работи и врските на Инстаграм се претставуваат како совршени. Кога гледаш фотографии од луди состаноци, екстравагантни подароци, слатки днеови поминати во дружење, почнуваш да се прашуваш дали со твојата врска е се во ред.
Во секоја врска има подеми и падови, само инфлуенсерите на Инстаграм знааат да ги покажат во вистинско светло за никој да не дознае за лошите моменти. Овие 6 работи често ќе гледаш дека двојките ги прават на Инстаграм, но во вистинско светло тоа не изгледа така.
# Чести патувања
Доколку следиш некоја двојка на Инстаграм, ќе видиш дека постојано е некаде на патување, без разлика дали станува збор за друга држава или за местото каде што живеат. Изгледа дека поголемиот дел од времето го поминуваат патувајќи. Иако инфлуенсерите имаат повеќе можности за патување, сепак не патуваат толку често како што сакаат да поверуваме. Тоа што ти и момчето еднаш годишно одите некаде не е лошо или знак дека нешто не е во ред, поголемиот број двојки го прават тоа.
# Спонтани фотографии на кои секогаш изгледаат совршено и заљубено
Изгледа како постојано некој да ги уловува во спонтан момент каде изгледаат толку заљубени и слатки, но таквите фотки 99% се многу порано испланирани и не се воопшто спонтани. Секако дека сакаат да ги уверат следбениците дека се совршена двојка, а она што на нивните профили ти изгледа спонтано е добро испланирано.
# Сакаат сè еден на друг
Не поминува долго време откако се во врска, а веќе имаат изливи на љубов и пишуваат дека се судени еден за друг, совршени, дека немаат маани... Кога ќе се заљубиш во некој таа личност ќе ти изгледа како најсовршена на сетот, но никој не е совршен, сите имаме маани. Двојките на Инстаграм сакаат да прават дека сакаат апсолутно сè во врска со својот партнер и дека врската им е најпрекрасна... и потоа одеднаш објавуваат дека раскинале. Иако е убаво да бидат среќни, таквите врска секогаш завршуваат пребрзо, затоа немој да ги споредуваш со својата и да очекуваш дека момчето за една недела ќе ти изјави љубов, бидејќи најверојатно нема да го направи тоа.
# Состаноците секогаш им се многу добро испланирани
Секој пат кога одат некаде, имаат некој совршен состанок, никогаш нешто едноставно како обична прошетка. Секогаш сè е екстра и како создадено за на Инстаграм. Но, без оглед на тоа што го гледаш, не секој состанок им е таков, а секако дека оние обичните нема толку да ги прикажуваат.
# Секој ден имаат изјави на љубов
Толку романтика нема ниту во романтичните филмови. Во ред е некогаш да се сподели фотографија со момчето и да се напише нешто слатко, но да му ја посветуваш секоја објава, да оставаш такви коментари на секоја фотка... малку е премногу. Некои работи и информации сепак е подобро да останат приватни, помеѓу вас двајца. Така ќе бидат попосебни. Изгледа како овие двојки никогаш да не се караат.
# Постојано го поминуваат времето заедно
Со сите обврски и дружење со другите луѓе, невозможно е да се гледате со момчето секој ден - и тоа е во ред. Само затоа што сте заедно, не морате и да бидете постојано заедно. И понатаму ти треба дружење со твоите пријатели, да одиш со родители на ручек или на шопинг со сестрата, не треба момчето да ти биде единствената личност во животот. Немој да дозволиш двојките од Инстаграм да те уверат дека со момчето треба да бидеш 24/7 за врската да ви биде среќна или добра - не треба.