Неочекувана двојка: Анџелина Џоли е уловена на состанок со 15 години помладиот познат пејач

Неочекувана двојка: Анџелина Џоли е уловена на состанок со 15 години помладиот познат пејач

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Изгледа дека Бред Пит замина во заборавот...

Папараците ги уловиле како заедно излегуваат од рестора, а бидејќи не се пријатели кои се дружат, сите веднаш помислија дека станува збор за состанок, бидејќи и двајцата се моментално слободни.

Од фотографите никој не може да се сокрие, а папараците секогаш имаат подготвени фотоапарати. Сега тие уловија две познати ѕвезди на вечера, а со оглед на тоа дека вообичаено не се дружат и моментално се слободни, не требаше долго време да се поврзат два и два и да се открие дека станувало збор за состанок. Анџели Џоли и пејачот The Weeknd поминале заедно околу 2 часа во приватниот дел на луксузниот италијански ресторан „Giorgio Baldi“, пишува „Daily Mail“.


Анџелина моментално е сè уште е среде развод со Бред Пит, но иако официјално уште ништо не е завршено, повеќе од јасно е дека и двајцата продолжиле понатаму со животите. Исто така и The Weeknd заврши со Бела Хадид, која веќе некое време е во сериозна врска со новото момче. Иако Анџелина и The Weeknd пристигнаа самостојно во ресторанот, сепак од него заминаа со еден автомобил. Дури беа и усогласини со црните модни комбинации. Дали е можно ова да е новата холивудска двојка? Иако не изгледаат како луѓе кои би се споиле некогаш, сè е можно. Дури ни огромната разлика во годините (The Weeknd е помлад дури 15 години од Џоли) изгледа не им претставува проблем.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: