Неочкувани трендови во бојадисувањето на косата: Нијанси кои ќе бидат хит оваа есен
Есента е одличен период за промена на бојата на коса!
Иако сме навикнати во есен да бидат актуелни мирните тонови, оваа сезона ситуацијата ќе биде поинаква. Во текот на следната сезона актуелни ќе бидат силните и впечатливи нијанси, а овие две ќе бидат апсолутен хит:
# Пепелосто бела / плава
Експертите тврдат дека на повеќето жени оваа боја одлично ќе им одговара. Пепеластите, особено сивите нијансите веќе некое време се многу актуелни, а во текот на есента ќе бидат уште популарни.
Оваа боја е за оние девојки кои сакаат да се истакнат и да бидат забележани.
Единствен проблем кај оваа боја е тоа што во домашни услови е тешко да се изведе, па најдобро би било работата да се препушти на професионалците.
# Чоколадната боја
Оваа боја ќе биде избор за оние девојки кои сакаат малку помирен изглед и поприродни тонови, но и понатаму ќе држи доза на впечатлив изглед.
Топлите, нежни тонови на кафеава боја, со нијанса на како и карамела ќе бидат во преден план за време на есента и што е најдобро, тие одговараат скоро со секој тен. Всушност, оваа нијанса може да се опише и како мешавина на кафени тонови во комбинација со суптилни црвеникави тонови, кои на косата ќе и дадат раскошен изглед.