Неодамна на тајна церемонија го кажа судбоносното „да“: Како изгледа и што прави синот на Небојша Глоговац?
Во Загреб за мал број гости одржаа интимна церемонија...
Синот на починатиот актер Небојша Глоговац, Милош Глоговац неодамна се најде во центарот на вниманието на тамошните медиуми бидејќи реши да започне нова етапа од својот живот.
Се ожени далеку од очите на јавноста, а радосната вест на својот Инстаграм профил ја сподели неговата мајка и прва сопруга на Небојша, сликарката Мина Глоговац.
Фотографијата од младенците таа ја објави на социјалните мрежи на која имавме можност да видиме како изгледаат младенците, а честитките почнаа да пристигнуваат веднаш откако Мина потврди дека се работи за свадба.
Свадбата се одржала во Загреб за мал број гости, меѓу кои кумови биле Војин Ќетковиќ и Слобода Миќаловиќ, како и маќеата Милица.
Ова им беше прилика само да се запишат во матичната книга на венчаните, а но дали ќе имаат раскошна свадба во следните неколку месеци, ќе почекаме да видиме.
И додека Милош, кој е помладиот син на Небојша Глоговац, завршил петта белградска гимназија, а потоа влегол на Факултетот за драмски уметности и тргнал по стапките на својот татко, неговиот постар брат Гаврило живее живот далеку од очите на јавноста и малку се знае за него.
Фото: ИнстаграмИзвор: Glossy.espreso.co.rs