Неопислива среќа: Родителите одвоено ги држат сијамските близнаци, прв пат по тешки 134 дена
Родителите сега можат да ги држат одвоени нивните
споени близнаци по успешната операција.
Реткост е да се има близнаци, но уште поголема реткост е да се родат сијамнски близнаци. Всушност, се вели дека овој тип на раѓање се случува еднаш на секои 50.000 до 60.000 раѓања. Затоа Сенди и Џеси Фулер биле шокирани кога им било кажано дека нивните бебиња ќе бидат споени.
Сепак, тие веруваа дека на крајот се ќе биде во ред. Покрај тоа, тие имаа прекрасен тим од медицински професионалци кои беа подготвени да направат се што е потребно за да им помогнат на овие бебиња.
Бидејќи сијамските близнаци се толку ретки, целиот тим се подготвувал три месеци пред да се породи Сенди. Тимот од 17 лица вклучувал седум хирурзи и четворица анестезиолози.
„Нашиот тим почна да планира и да се подготвува за оваа операција уште пред да се родат овие бебиња“, рече д-р Алис Кинг, главен оперативен хирург и педијатриски хирург во Детската болница во Тексас.
„Од спроведување на симулации на процедурата, до обемна соработка со нашите колеги од анестезиологија, мајчинско-фетална медицина, неонатологија и радиологија, сите работевме заедно за да постигнеме една заедничка цел: најдобриот исход за Ела и Елиза.
„Кога дознавме дека се споени, беше тешко, но му верувавме на Бог дека ќе работи во текот на целото патување, така што беше во ред“, рече Сенди.
Ела и Елиза се родени споени на абдоменот, но исто така го делеле и ткивото на црниот дроб. Нивното раѓање се случило во март, но тие можеле да се оперираат дури во јуни.
Кога дојде денот на нивната операција, имаше и нервоза и олеснување. Фала му на Бога, подготовките што ги направија лекарите вродија со плод и за шест часа беа разделени овие слатки девојки!
Фото:screenshot