Му се расипал автомобилот, а непознат човек го примил со домот: Сега целиот свет зборува за гестот на познатиот пејач
Познатиот пејач ги нахранил рибите на една обожавателка и ѝ оставил писмо...
Поранешната ѕвезда од бендот „One Direction“, Хари Стајлс, доживеа непријатна ситуација која заврши со прекрасно дружење, а сега целиот свет зборува за нормалноста на ова момче.
Она што Стајлс го направил, ги воодушеви луѓето.
На Твитер се појавија две фотографии од Хари на кои тој храни риби и пишува порака за своја обожавателка, а тоа ги воодушеви неговите обожаватели, па една од нив напиша:
„Автомобилот на Хари Стајлс се расипа, па таткото на една обожавателка го примил во својот дом додека да дојде помош.“
„Додека чекале, Хари ги нахранил рибите во аквариумот и ѝ оставил порака на својата обожателка“ - додава таа.
„Поради таа причина господа, тој е единствениот човек кој некогаш постоел“ - заклучи обожавателката во Твитот.
Овие фотографии на споменатата социјална мрежа имаат повеќе од 50.000 лајкови, 11.000 ретвитови и повеќе од 7.000 коментари.
Пораката која Хари ја напишал до девојчето гласи:
„Драга Теодора, мојот автомобил се расипа на твојата улица и пријателот на твојот татко љубезно ме покани во твојот дом и ме почести со шоља чај. Многу сум разочаран што се разминавме. Едвај чекам да те запознаам. Биди љубезна кон сите. Со љубов, Хари. П.С. Ги нахранив рибите. Кажи му на татко ти дека ќе останеме во контакт додека не се сретнеме јас и ти.“
Ова ги воодушеви неговите обожаватели ширум светот, па коментираа: „Овој човек“, „Каков цар“, „Прекрасен е, го обожувам“.