Нешто друго се крие зад сето тоа: Зошто Зек Ефрон го измејуваат поради „новиот“ изглед?
Дали познатиот актер претера со пластичната хирургија...
Уште од фамозната улога во популарниот филм „Средношколски мјузикл“, Зек Ефрон го привлече вниманието на јавноста со својот физички изглед. Не е тајна дека низ годините неговиот изглед се промени, меѓутоа, најновите промени му донесоа критики.
Имено, за време на неговиот видео разговор со Бил Нај, публиката не можеше, а да не забележи дека Зек изгледа поинаку, т.е. напумпано во пределот на вилицата и брадата. Секако, уште веднаш започнаа со коментари во кои го измејуваа актерот поради новиот изглед, но и критикуваа поради претераните пластични операции.
Обожавателите го споредија со Лигњослав, со The Weeknd и со Шрек во облик на човек, не ни помислувајќи дека можеби постои друга причина поради која Зек изгледа малку поинаку.
Zac Efron looks like human Shrek now pic.twitter.com/iyl5UPMKg3
— 3d_dorito (@jashall) April 23, 2021
Пред сѐ, како што е веќе познато, Зек ја скрши вилицата пред неколку години, поради што е многу веројатно неодамна да морал да оди на дополнителна корекција. Доколку може да му се верува на познатиот пластичен хирург Ентони Јан, овој изглед не е производ на естетска, туку орална хирургија.
„Сите зборуваат за Зек Ефрон и за тоа колку чудно изгледа. Дали имал операција за да го промени изгледот на вилицата? Ботокс? Не би кажал така. Јас всушност мислам дека имал операција на забот. Поради тоа е отечен во тие делови“ - изјави хирургот на ТикТок.
Секако, актерот не се огласи по овој повод, иако неговото име со часови беше во тренд на социјалните мреж овој викенд. На нас не ни останува ништо друго освен да се прашаме кога ќе научиме да престанеме да го коментираме туѓиот физички изглед.