Нешто се крчка: Стеффонатор и Мартија со заеднички проект!
Моментално тие се едни од најпопуларните лица помеѓу тинејџерите. Јутјуберот Стеффонатор и пејачката Мартија Станојковиќ нема тинејџер кој не ги знае. Овие популарни тинејџери имаат сосема различни професии, но сепак најдоа „заеднички јазик“ и се споија.
Имено, станува збор за нов проект кој Стеффонатор го најави на својот Инстграм профил. „Шо праеш“ е насловот на проектот, а истиот ќе се објави во мај оваа година. За што точно станува збор ќе мора да почекаме до финалниот ден, а во меѓувреме можеме само претпоставуваме.