Нетфликс ги сподели првите фотки од новата сезона „Emily in Paris“: Главната актерка го промени изгледот

Нетфликс ги сподели првите фотки од новата сезона „Emily in Paris“: Главната актерка го промени изгледот

Објавена во: Stars // Филм

На сите некогаш им е потребна мала промена...

Емили во новата сезона ќе изгледа малку поинаку. Не полошо, туку поинаку. На секој некогаш му е потребна промена, а Нетфликс во новите фотки откри неколку работи од новата сезона.

Ни изгледаше како многу долго да чекаме за третата сезона од „Emily in Paris“, како никогаш да не излезе. Сите се израдувавме кога Нетфликс ги објави новите фотки од третата сезона на серијата. Не е изненадување дека ќе излезе третата сезона, бидејќи веќе беше најавено дека ќе има и трета и четврта, но она што беше изненадување е промената во изгледот на главниот лик.

Емили секогаш изгледа стилизирано и облеката понекогаш ѝ е забавна. Сигурно многу девојки со задоволство би земале некое модно парче, или сите од нејзиниот плакар. На новите фотки, Емили изгледа малку поинаку. Ја има променето фризурата! Новата Емили има шишки - и ѝ стојат подобро од старата фризура.

Уште не е најавен датумот кога ќе излезе новата сезона, а не објавен ниту трејлерот. Единствено што се знае е дека Емили има шишки и дека се враќаат на сите нас добро познатите актери и ликови.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: