Нетфликс го објави точниот датум на пристигнување на рекламите: Откри како ќе изгледа сето тоа

Нетфликс го објави точниот датум на пристигнување на рекламите: Откри како ќе изгледа сето тоа

Објавена во: Stars // Филм

Многумина најавија дека ќе заминат кога ќе им се појави првата реклама...

Нетфликс уште пред неколку месеци најави дека ќе воведе реклами и дека тоа ќе се случи оваа година. Тоа беа сите информации, но сега открија уште работи кои може да ги очекуваат нивните претплатници и кога точно ќе пристигнат рекламите.

Ова се најавуваше веќе некое време, а сите кои се надеваа дека Нетфликс ќе се предомисли поради негативните ракции, погрешија. Рекламите пристигнуваат и околу тоа повеќе не може да се направи ништо, освен да се откаже претплатата, што многумина велат дека ќе направат. Сега конечно открија кога точно ќе пристигнат рекламите и како ќе изгледа сето тоа. Рекламите пристигнуваат на 3 ноември, пишува Variety. Оние кои сакаат да ги избегнат рекламите ќе треба да плаќаат поскапа претплата, кога ќе изнесува 9.99 долари месечно, но оние кои ќе сакаат да плаќаат помалку, ќе може да земат претплата со реклами, која ќе чини 6.99 долари.

Разликата во цената не е преголема. За сега, таа опција нема да биде достапна кај нас. Земјите кои ќе добијат претплата со реклами од 3 ноември се: Австралија, Бразил, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Кореа, Мексико, Шпанија, Велика Британија и САД.

Сигурно со текот на време ова ќе пристигне и кај нас. Затоа не е лошо да се знаат неколку информации што ќе може да очекуваме. Квалитетот на сериите и видеата ќе биде подеднакво добар и за оние со реклами и оние без реклами. Оние кои ќе плаќаат претплата со реклами нема да може да симнуваат содржини и да ги гледаат „offline“, и на некои 5-10 проценти од содржините ќе немаат преводи. Рекламите ќе траат од 15 до 30 секунди, а ќе се појавуваат пред почетокот на филмот или серијата, како и во текот.

Во просек, ако нешто трае еден час, во тој период може да се очекуваат околу 4-5 минути реклами. Многу помалку отколку на телевизија, но рекламите и понатаму ќе бидат тука. Она што е најлошо е ако имаш поевтина претплатпа, со реклами, нема на неа да ги имаш сите содржини, како и оние кои ќе ја плаќаат повисоката претплата. Многу лошо, но сепак станува збор за поевтина претплата, за која Нетфликс се надева дека ќе биде доволна за да привлече нови претплатници.

фото: unsplash.com

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: