Нетфликс стои зад неа: Која серија ги сруши сите рекорди на гледаност?
Изгледа дека е тешко да и се одолее...
Кога сите зборуваат за филм или серија, секогаш ќе имаме потреба да погледнеме за што станува збор и дали е навистина толку добро колку што се зборува. Една серија на Нетфликс особено ги придоби луѓето, ги собра симпатиите и за неа може да слушнете само добри зборови. И сега, поради тоа, таа ги сруши сите рекорди.
Некогаш најпопуларната серија не е најквалитетна или најпаметна, туку онаа што едноставно го погодува вистинскиот рецепт за успех. Секој ќе има различни преференции кога станува збор за избор на серија за гледање, но гледаноста и позитивните критики на Интернетот откриваат дека оваа серија на Нетфликс сигурно може да се прогласи за најдобра. Беше објавено дека го срушила рекордот на гледаност и со тоа стана нивна најгледана серија. Станува збор за „Bridgerton“!
Премина некои од големите хитови како „Money Heist“ или „The Witcher“ кои беа на врвот на топ листите пред извесно време. Но, повеќе не. Според официјалните податоци, „Bridgerton“ досега ја гледале 82 милиони корисници! Oвие се само оние што ги следи Нетфликс, истата излезе пред еден месец. Пред неа, рекордот го држеше „The Witcher“ со 76 милиони во првиот месец.
Ако има некој што не ја изгледал оваа серија, иако не знаеме колку е можно такво нешто, време е да го погледнете затоа што сигурно нема да зажалите. А, зошто треба да ја погледнете? Погледнете ја статијата: Романтичната приказна која го освои светот: 6 причини зошто треба да ја гледаш „Bridgerton“.