Романтичната приказна која го освои светот: 6 причини зошто треба да ја гледаш „Bridgerton“

Романтичната приказна која го освои светот: 6 причини зошто треба да ја гледаш „Bridgerton“

Објавена во: Stars // Филм

Дали е веќе на твојата листа? Доколку не е сега ќе дознаеш зошто треба да биде.

Без разлика дали оваа серија веќе ви падна во очи, но сте решиле да ја заобиколите или воопшто не сте чуле за неа, сега е време да и посветите малку внимание, бидејќи сигурно нема да зажалите. Девојките ширум светот се воодушевени од заплетот, но и од главниот лик.

Оваа серија ќе биде вистинско уживање за сите романтичари. Најновиот додаток на Нетфликс „Bridgerton“ ги освои девојките за момент. Тоа е љубовно - драмска серија сместена во минатото. Во фокусот, сепак, се љубовните афери, драмите во високото општество, тајните, скандалите, сексот и озборувањата. Она за што најмногу се зборува е главниот машки лик - војводата Симон.

Серијата е интересна, единствениот „проблем“ е што има малку епизоди, само 8, но утешно е што траат еден час. Откако ќе почнете да ја гледате, нема да застанете додека не стигнете до крајот. И за да ве убедиме за да влезете во оваа авантура, ви носиме 6 причини зошто е одлична и зошто треба да ja погледнете.

# Костимите се неверојатни

Фустаните што ги носат девојките во серијата изгледаат идеално за матурска вечер. Долги, елегантени, убави и типичен за тоа време. Бидејќи баловите се одржуваат се одржуваат често, промените во гардеробата се чести, и кој знае, можеби дел од нив ќе ви послужат како инспирација за матурата или некој друг посебен настан.

# Фокусот не е само на љубовта, туку и на мистеријата

Иако обожаваме романтични серии, поинтересно е кога станува збор за друг жанр, а тука имаме и малку мистерија. Ликовите ги мачи нивната сопствена „девојка за озборувања“ која ги знае сите озборувања и ги објавува во форма на дневен весник. Таа себеси се нарекува Лејди Вистелдаун, и открива некои од најсочните вести и ги презентира на сите. Која е таа? Секој има претпоставки, но кога конечно ќе се открие, ќе бидете изненадени.

# Војводата Симон 

Како што споменавме порано, главниот машки лик ги шармираше девојките. Начинот на кој е претставен, неговите движења, гестови на лицето и како изгледа без маичка - ретко кој ќе може да му одолее на неговиот шарм. Додека не ја погледнете серијата, нема да ви биде јасно зошто толку лудост стои зад него, но по серијата, сè ќе ви биде јасно.

# Музиката

Серијата има и одличен „soundtrack“. Тие успеаја да ги претворат сегашните хитови во инструментални верзии кои звучат како да ги свири оркестар. Меѓу другото, можете да ги слушнете „Thank U, Next“ на Аријана, хитот на Шон Мендес „In My Blood“, Maroon5 и „Girls Like You“, па дури и еден хит на Били Ејлиш! Тие толку добро ја погодиле музиката.


# Елоиз - девојка која не сака да биде типична 

Елоиз исто така ќе ги украде вашите срца. Таа не е типична девојка. Додека сите нејзини сестри и пријатели се тотално опседнати со нивните јавни настапи и наоѓање на идеален сопруг, Елоиз сака повеќе, сака да биде поинаква и не сака општеството да одреди што може и што не може да стори. Дава нешто дополнително на серијата и е еден од најинтересните ликови. Таа е одговорна за откривање на идентитетот на Лејди Вистелдаун, но дали и успеа тоа на крајот?

# Поглед во минатото и животот на девојчињата во некој 

Интересно е и да се види како изгледал животот на врсниците во друг историски период. Иако овде не е целосно реално претставен, бидејќи не е историска серија, сепак дава општ поглед на животот на младите девојки во 19 век.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: