Неверојатна природна убавица: Селена Гомез сподели видео во кое покажа како се шминка (ВИДЕО)
Во новото видео на TikTok, Селена Гомез уште еднаш им докажа на фановите дека е природна убавица. Имено, пејачката сподели клип во кој покажа како се шминка и мораме да признаеме дека изгледа неодоливо!
Пејачката го започна видеото со нанесување гел на веѓите пред да го навлажне лицето. Потоа го нанесе коректорот на темните кругови и тапкаше со сунѓер и прст. Подоцна нанесе бронзер, руменило и хајлајтер пред да додаде пудра и спреј. За да го комплетира својот блескав изглед, таа ги обложи усните со розево моливче за усни и додаде соодветен кармин, правејќи ги совршено полни.
На самиот крај, таа ја пушти влажната коса од пешкирот, се пресоблече во бело и додаде пар златни обетки. Под видеото, Сел напиша: „@rarebeauty Среќен Божиќ од нашето семејство. Сите ве сакам многу! Благодарна сум на секој од вас @sephora“.
@selenagomez @rarebeauty happy, merry Christmas from your Rare beauty family!! Love you all so much! I’m grateful for each and every one of you @sephora original sound - Selena Gomez
извор:famoza