Неверојатна сличност: Изгледаат идентично како ликовите од анимираните филмови
Анимираните филмови секогаш биле доволен извор на инспирација за костими. Но, не им треба на сите перика или шминка за да изгледаат како нив. Некои веќе изгледаат како да се излезени од книгата со приказни на Дизни...
Многу луѓе на Твитер ги споделија своите анимирани двојници. Од принцот Ерик и Моана, до капетан Америка и Велма од Скуби Ду на овие фотографии ќе видите неверојатна сличност.
# Делумно поради свотие црвени локни, Хана Видерхолд изгледа исто како Мерида од анимираниот филм „Храбрата Мерида“.
Принцезата Мерида можеби живее во средновековната Шкотска, но има близначка во Вилијамсбург, Охајо.
# Скоти Џејкобсон изгледа исто како Мајло Џејмс Тач, главниот јунак од Дизниевиот филм од 2001 година, „Атлантида - Изгубеното царство“.
Џејкобсон, кој живее во Њујорк, вели дека тој дефинитивно го обожува стилот на Тач.
# А, тука е и Луис Леива, копијата на принцот Ерик од „Малата сирена“.
Леива, кој живее во Хондурас, вели дека сака кога луѓето му велат дека изгледа како принцот кој го зараби срцето на Ариел.
# Кајлин од Јужна Дакота е доказ дека ви е потребен посебен костим за да изгледате како Еластика од филмот „Неверојатно“.
Изгледаат идентично, зарем не?
# Пронајдете ја разликата помеѓу Роб и Џек Фрост.
Роб, кој живее во Белгија, би можел да биде близнак со Џек Фрост, еден од главните ликови од анимираниот филм „Rise of the Guardians“.
# Џована од Италија лесно би можела да помине како Велма од серијата и филмовите за Скуби Ду.
Поради својата фризура, очила и портокалов џемпер, Џована многу личи на Џована.
# Атан има впечатлива сличност со Виктор Ван Дорт од „Corpse Bride“.