Неверојатна сличност: Погледнете ги децата на ѕвездите кои изгледаат исто како нивните познати мајки (ФОТО)

Неверојатна сличност: Погледнете ги децата на ѕвездите кои изгледаат исто како нивните познати мајки (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

„Крушата под круша паѓа“, е реченицата која ќе си ја кажете откако ќе ги погледнете фотографиите од децата и нивните познати мајки...

Погледнете ги овие фотографии и видете како Деми Мур, Рис Витерспун и други познати личности позираат со своите деца. Тешко е да најдете разлика.

# Рис Витерспун и ќерката Ава

Ава Витерспун сега има 22 години. Ќерката на ѕвездата од „Big Little Lies“ често ја следи познатата мајка за време на филмските настани. Покрај тоа, гордата Рис со задоволство објавува фотографии од својата ќерка на социјалните мрежи. Фотографиите на кои позираат заедно ја прикажуваат посебната сличност која ја имаат.

# Деми Мур и нејзините ќерки

Ќерките на Деми Мур ја имаат наследено гламурозната, темна коса од својата мајка. За помеѓу нив постојат добри односи, најзаслужна е филмската ѕвезда. Тоа посебно се воочи во септември 2019 година, кога Румер, Скаут и Талула Вилис ја поддржа мајка им на премиерата на нејзината автобиографска книга. На настанот се појави и нејзиниот поранешен сопружник, Брус Вилис.

# Синди Крафорд и Каја Гербер

Синди е модна икона од 90-тите и нејзината ќерка веќе станува ѕвезда во таа индустрија. 20-годишната Каја веќе учествуваше во кампањи на неколку луксузните брендови, вклучувајќи го Версаче, но и красеше насловни страници на неколку познати модни магазини. Давајќи интервјуа, призна дека и покрај младоста има „стара душа“, а во слободно време води мирен живот како да има 70 години.

# Танди Њутн и Нико Паркер

Ѕвездата на „Westworld“ на својот Инстаграм профил сака да објавува фотографии од својата ќерка Нико Паркер. Оваа 17-годишна девојка во 2019 година дебатираше во еден играниот филм „Dambo“ на Тим Бартон.

# Елизабет Харли и Дамијан Харли

Британската актерка, чија тајна за преубавата фигура е „цепењето дрва“, со гордост следи како нејзиниот 20-годишен син ја развива својата кариера во моделингот. Извонредната сличност со познатата мајка ја зголемува и неговата долга и негувана коса.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: