Неверојатна трансформација: Во што се претвори Ариана Гранде во новото видео?
Сними видео за „највалканата песна“ на албумот...
На оние кои математиката им оди од рака многу добро знаат за што Ариана Гранде пее во песната „34+35“, за која вчера го објави видеото.
Во него таа е научник кој склопува роботи, односно самата себе,
Зборувајќи во емисијата Zach Sang Show, Ариана откри како дошла до идеја да напише песна во која се зборува за - сексот на овој начин.
„Тоа беше сосема смешен процес. Ја слушнавме првата верзија и песната звучеше како нешто што би го снимил Дизни, толку чисто. И тогаш реков - што е највалкано, спротивно од она со што можеме да ја започнеме песната“ - раскажа.
Ариана откри дека првично не сакала оваа песна да биде дел од албумот.
„Се плашев дека луѓето ќе заборават дека остатокот од албумот е полн со убавина и ранливи стихови“ - додаде таа.
„Бев навистина нервозна поради оваа песна, но ја сакам и е една од омилените кои ги напишав“ - истакна.
Погледнете го видеото: