Неверојатната приказна за кучето Џанго: Талкало 20 дена, а потоа на неочекуван начин ги пронашло сопствениците
Уште еден доказ за нераскинливото пријателство помеѓу кучињата и човекот...
Радован Жариќ од Ивањица е главниот лик на вистинската филмска приказна која претходните денови се одвиваше во оваа општина.
Кога во близина на неговото работно место се појавил вучјак, тој не можел да го остави гладен и редовно му давал храна. Сепак, подоцна се покажало дека не станувало збор за куче скитник.
„Веќе со години работам во такси и имаше многу неверојатни ситуации, но оваа е дефинитивно единствена. Кога едно утро го отворив автомобилот за да му извадам појадок, Џанго влета во ѓепекот. Тогаш ми падна на памет дека веројатно припаѓа на некое семејство и дека порано се возел во автомобил“ - кажа Радован за „RINA“.
Потоа, Радован кучето го однел кај сопругата, која е ветеринар, за да провери дали има чип и дали припаѓа на некое семејство.
„Сакав да дознаам дали некој го бара или не. Доколку не припаѓа на никој сакав да го вдомам. Кога го однесовме во ординацијата се покажа дека сепак припаѓа на луѓе од Белград, кои веднаш ги контактиравме. Во прашање е кучето Џанго кое пред 20 - тина дена исчезнал на Златар, тие интензивно го барале, но сè било залудно. Претпоставуваме дека низ шумата стигнал до Ивањица, која е оддалечена околу 60 километри“ - вели Радован.
Откако дознал дека Џанго е пронајден, сопственикот сакал да го израдува и изненади своето семејство, па им кажал да одат до Ивањица во за да одберат ново куче, но всушност нивниот стар миленик кој бил во нивниот дом веќе пет години ги чекал таму.
„Седнавме да се запознаеме, жената и децата беа нервозни и кажаа дека тие не се сигурни дека сакаат ново куче. Дури кога им кажав дека оној кој го имам не им се допадне и можат да го вратат, се согласија да го видат. Она што следуваше, тешко може да се опише со зборови. Беа воодушевени, децата почнаа да плачат од среќа и за целото време извикуваа дека Џанго е нивен“ - раскажува Радован.
Оваа приказна е уште еден доказ за нераскинливото пријателство помеѓу човекот и кучето, а она што е најважно е што завршила среќно.
фото: RINA/приватна архива