Неверојатно многу личи на Ријана:Сите зборуваат за ТикТокерката која е идентична на пејачката

Неверојатно многу личи на Ријана:Сите зборуваат за ТикТокерката која е идентична на пејачката

Објавена во: Stars // Музика

Која е која?!
Доколку не знаеме, би помислиле дека Ријана има сестра близначка...

Ријана е „вау“ уште од моментот кога пред многу години се појави на музичката сцена со хитот „Pon de Replay“ па се' досега. Ги менуваше стиловите, изгледот, но секогаш изгледаше и изгледа одлично, а многу девојки во тој момент сакаа и сакаат да изгледаат како неа. Но, изгледа дека само на оваа ТикТокерка и се посреќи - изгледа идентично како пејачката.

Доколку помисливте дека Ријана е на левата страна, се лажете. Тоа е 28 - годишната Присила Беатрис, девојка од Бразил која го освои ТикТокот, но и целиот интернет со својот изглед. Идентична е на Ријана! На ТикТок веќе долго време постои тренд во кој „обичните“ луѓе кои личат на некоја позната личност го откриваат својот изглед, а видеото кое стана вирално е следното:


Луѓето останаа шокирани колку си личат, а некои дури се шегуваа дека Присила изгледа повеќе како Ријана, отколку самата Ријана. 

Сево ова дојде и до самата Ријана, која исто така го искоментира видеото и напиша: „Каде е албумот?“, шегувајќи се со обожавателите кои константно ја прашуваат кога ќе објави нова музика и нов албум.

























Може да ве интересира:

Иста како Ариана Гранде: Ова e двојничката на пејачката!

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: