Невеста се расплака на свадбата: Рекцијата на татко ѝ ќе ја памети засекогаш (ВИДЕО)

Невеста се расплака на свадбата: Рекцијата на татко ѝ ќе ја памети засекогаш (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Леле Понс, која на интернет ја следат речиси 32 милиони луѓе, во објавата покажа емотивна сцена од која од која навираат солзи.

Свадбата е посебен, но и многу емотивен настан и за младенците, за нивното семејство и пријатели. Иако родителите со нетрпение го очекуваат овој ден, кога станува збор за ќерката, постои и одредена доза на тага поради тоа што таа си заминува од дома. Без разлика, семејството е тука да ја поддржи и да го поддржи во изборот на партнер.

Иако родителите се трудат, децата да не ги видат солзите во нивните очи во тие моменти, понекогаш е навистина тешко да го сокријат тоа и да ги совладаат емоциите кои ги обземаат.

Леле Понсе е тиктокерка која на оваа мрежа ја следат 31,9 милиони корисници, а со своите следбеници ја сподели веста дека се омажила. Меѓу објавите се најде и еден од нејзините омилени, но и најемотивни моменти кога се збогува со својот татко пред да замине од дома. Во прекрасна дизајнерска венчаница таа се појавува пред нејзиниот татко кој е целосно импресиониран од нејзиниот изглед. Иако се обидуваше да се воздржи цело време додека и испраќаше најубави желби, неговата емотивна реакција беше толку видлива што успеа да ја расплаче невестата.

Држејќи ја за раце со насмевка на лицето, тој како и секој татко ѝ посакал најдобро, упатувајќи комплименти за тоа колку убаво изгледа во венчаницата, а во следниот момент ја прегрнал и почнал да плаче. Клипот им се допадна на 3,9 милиони луѓе на интернет кои беа трогнати од сцената. Многумина се согласија дека ќерките се посебни за татковците и дека тие секогаш ќе останат нивни мали девојчиња.

@lelepons

My dad’s reaction /La reacción de mi papá

Slipping Through My Fingers - Ethan Hodges
Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: