Неволји во рајот на совршеното семејство: Неспособниот син ги обвинува родителите, никогаш нема доволно пари и моќ, дури и жена му го презира

Неволји во рајот на совршеното семејство: Неспособниот син ги обвинува родителите, никогаш нема доволно пари и моќ, дури и жена му го презира

Објавена во: Совети // Семејство

Семејството Бекам уште вистински ужива во одморот, но сепак се појавија проблеми во рајот...

Семејството Бекам се наоѓа во Палм Спрингс и овој пат сите заедно тргнаа на појадок облечени во бело. Со Дејвид и Викторија беше ќерката Харпер и синот Ромео, додека Бруклин и Круз не можеа да се лоцираат.

Додека Круз повремено доаѓаше во посета на семејството, па сите заедно беа забележани на неколку локации, Бруклин воопшто не се појави. Се зборува дека за тоа е виновна снаата која нема баш убав однос со свекрвата Викторија.

Иако Никола и Викторија имаа идиличен однос, по гламурозната венчавка, таа љубов одеднаш престана.

Порано се зборуваше дека Дејвид и Викторија не биле баш среќни поради предбрачниот договор кој го потпиша нивниот најстар син, бидејќи него, тој се откажа од богатството на неговата жена Никола Пелц.

Сепак, тоа не беше ништо необично со оглед на тоа што таткото на Никола е американски бизнисмен, чие богатство се проценува на 1,3 милијарди фунти, што е од прилика три пати повеќе од имотот на родителите на Бруклин.

Имено, богатството на Дејвид и Викторија е вредно 380 милиони фунти, што е импресивно, но ни приближно колку она на милијардерот.

Но, се појави и теорија дека целото на семејство Бекам, особено на Викторија, ѝ пречело тоа што на венчавката не седеле на главната маса со семејството Пелц.

„На главаната маса беа само припадниците на семејството на милијардерот и сѐ изгледаше дека Бекамови не се во првите редови. Постоеше чувство дека тоа е венчавка само на семејството Пелц, бидејќи тоа беше нивната куќа и само нивната ќерка и син држеа говори“ - откри непознат извор за британскиот „The Daily Mail“.

Исто така, додека Викторија го дизајнирала својот и уште неколку фустани за скапоцената венчавка на најстариот син, невестата ги носеше брендовите како Валентино, Версаче и Диор. Покрај тоа, одговори пресметено кога ја прашаа дали инспирација ѝ била венчавката на Девијд и Викторија Бекам.

Озборувањата за лошите односи во семејството дополнително ги разгоре видеото на Бруклин Бекам со бабата на неговата сопруга милијардерка, на која ѝ читаше роденденска честитка во која ѝ се заблагодарува што го „прифатила во своето прекрасно семејство“.

Упатени извори тврдат и дека немирите во семејството Бекам настале и кога Бруклин понал да ја обвинува својата мајка за деловните неуспеси.

Каков бизнис и да започнеше Бруклин, завршуваше со неуспех, а крајот на соработката со еден познат моден бренд од која само по неколку споделени објави на социјалните мрежи требаше да заработи милиони, е последен во низата неуспеси.

Едвај помина половина година откако потпиша договор со нив, а потоа следуваше студен туш, бидејќи главните на компанијата изјавија дека „одлучиле да работат со поинакви таленти за нивната кампања пролет/лето 2022“ и Бруклин остана без работа.

Иако неговата сопруга Никола Пелц јавно го бранеше и зборуваше колку тешко му паѓаат големите очекувања, наводно и таа бесна, поради тоа што нејзиниот 23-годишен сопруг не може да задржи една работа, дури ниту покрај врските кои ги имаат неговите, а и нејзините родители.

Трпението за Бруклин полека го губат и неговите родители, Викторија и Дејвид, кои како што тврди извор близок до семејството, тешко го поднесуваат тоа што нивниот син постојано ги пропушта можностите до кои може да дојде многу полесно од другите. Викторија поради тоа, наводно, се покајала што го „протнала“ и му го „средила“ овој договор на синот.

„Фати многу врски за да му ја договори таа соработка. Тоа требаше да му биде отскочна даска за иднината“ - вели изворот. Бруклин наводно одбил неколку кампањи и снимања кои брендот ги барал од него, идејќи тоа „не било во склоп со неговиот распоред“.

Тогаш се дозна дека Бруклин воопшто не сакал да соработува со тој бренд, туку со Гучи, а наводно се пожалил дека Викторија го терала на тоа.

фото: Profimedia / Принтскрин/Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: