„Ни гума, ни мускули, директ на пливање“: 1-годишната Гаиа, ќерката на Софија и Јаков Спасов се учи да плива
Младото семејство Јакови овие топлите денови се разладуваат на море.
Актерот Јаков и неговата поубава половина Софија се пар кои редовно споделуваат со јавноста како ги минуваат деновите, па така и овој пат открија како го поминуваат овој одмор.
Нивната мала наследничка која неодамна наполни 1 година ужива во морето, а мама Софија ѝ помага да плива:
„Ни гума, ни мускули, директ на пливање“, напиша Софија на Инстаграм Стори, покажувајќи преку фотка дека малата наследничка не сака помагала за пливање, директно на 1 годинка сака да се научи да плива.
Фото: Инстаграм/Женски магазин - архива