Ни јавија дека исчезнатиот Матеј бил виден како купува леб: Министерот за внатрешни работи на Србија вели дека има и злонамерни луѓе кои се јавуваат

Ни јавија дека исчезнатиот Матеј бил виден како купува леб: Министерот за внатрешни работи на Србија вели дека има и злонамерни луѓе кои се јавуваат

Објавена во: Совети // Семејство

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин истакна дека српската полиција буквално ја проверува секоја пријава поврзана со исчезнувањето на Матеј Периш од Сплит.

Тој истакна дека е сигурен оти немало насилство врз исчезнатиот сплиќанец, а што точно се случило кобната вечер ќе утврди истрагата.

„Ние даваме се од себе да го решиме овој случај и да ја провериме секоја информација што ни доаѓа на виделина. А во овој случај имаме и добронамерни и злонамерни луѓе кои се јавуваат да ни кажат дека го виделе Метеј. Неодамна дури ни рекоа дека исчезнато момче го виделе како купува леб во Врачар. Кога проверивме, сфативме дека се работи за сосед", рече Вулин во утринската програма на телевизија Курир, пренесуваат српските медиуми.

Тој истакна и дека го запознал таткото на Матеј Периш и му изразил голема почит.

„Морам да искажам голема човечка почит кон таткото на Матеј Периш, само ставете се во негова ситуација. Дали би имале толку разбирање како тој. Имаше обиди ова да се прикаже како меѓуетнички конфликт. Тоа е навистина одвратно.Ова е безбеден град, никој никогаш нема да те нападне овде поради твојата националност. Белград сака странци.Од сите десетици илјади странци кои биле тука за новогодишните празници, не се случи ниту еден инцидент. Тоа е затоа што Белград сака странци, ние не ги делиме луѓето на национална основа“, вели министерот и нагласува дека исклучува каква било можност за насилство врз исчезнат спличанец.

Сигурен сум дека немало насилство во клубот и надвор од него. За тоа сведочеа пријателите и гостите на Матеј, и клубот и персоналот“, изјави министерот Вулин.

Да потсетиме, Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември. Кобната вечер тој бил во клубот „Готик“ каде го поминал времето со своите пријатели.

Во еден момент го напуштил клубот, а потоа камерите го снимиле како трча, запира такси, а потоа се спушта по скалите кои водат кон Сава.

Потрагата по младото момче во последните недели беше фокусирана на реката Сава.

извор:radiosarajevo.ba


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: