Ника е навистина копија на дедо ѝ: Ретка семејна фотографија на Јелена Карлеуша
Таткото на Јелена Карлеуша, Драган, иако е познат на јавноста, не можеме често да го гледаме во медиумите, а по смртта на мајка ѝ, пејачката е уште повеќе поврзана за него. На профилот на Инстаграм на Јелена нема многу фотографии од Драган, затоа што пејачката приватноста вешто ја чува од очите на јавноста.
Нејзиниот сопруг Душко, како и ќерките Атина и Ника, многу го почитуваат и сакаат Драган и го користат секој момент за да бидат сите заедно.
Јелена често истакнува дека нејзината помала ќерка, Ника е копија на дедо ѝ, а фотографијата која се појави на Инстаграм го докажува тоа.
Семејството неодамна беше собрано на бродот на таткото на Јелена, а еве доказ дека Ника е слика и прилика на дедо ѝ.
Инаку, откако се разведе од мајката на Јелена, Драган повторно се ожени и од другиот брак ги има синовите Иван и Никола, кои одржуваат контакт со постарата сестра.