Ника Тошиќ и понатаму ги засмејува обожавателите на мајка ѝ: Јелена Карлеуша објави детали од дневникот на помладата ќерка
Пејачката сподели една страница од дневникот кој го пишува нејзината миленичка...
На Инстаграм профилот на пејачката Јелена Карлеуша најде страници од дневникот од нејзината помлада ќерка Ника Тошиќ, а она што го пишуваше ги насмеа сите.
Ни самата Јелена не можеше да одолее на признанието на Ника во дневникот, па дел до напишато заврши и на стори на профилот на пејчаката.
„Но, брате, мојата дадилка Биља секогаш ме прашува што сум јадела, дека треба да „водам сметка“. Океј. Тоа боли. А, Атина кога ќе изеде нешто повеќе од мене, тоа на неа ѝ е во ред. И ми вели да внимавам што да јадам. И ти исто, Биљо! Гледај си ја својата работа жено. Не си ми мајка“ - се покажалила Ника во својот дневник, не претпоставувајќи дека ова ќе дојде до мајка ѝ.
„Иако знам дека ќе се налути, морам да објавам дел од дневникот на мојата Ника. Лошо е тоа што го шпиунирам детето, но како да не го споделам ова“ - напиша Јелена на своето стори.