Никако да дојде до она што е нејзино: Како Скутер Браун се обиде да ја уцени Тејлор Свифт?
Пејачката откри дека се обидела да ги откупи своите мастер снимки, но...
Скутер Браун беше подготвен да ѝ ги продаде на Тејлор Свифт нејзините мастер снимките - под услов во јавноста никогаш да не зборува ништо лошо за него.
Ова на Твитер го откри Свифт, откако во јавноста се појави информација дека нејзините мастер снимки се продадени на извесен инвестиционен фонд за 300 милиони долари.
Таа наведе дека во претходната една година се обидела да ја добие сопственоста на своите мастер снимки и дека нејзиниот тим влегол во преговори со Скутер Браун.
„Тимот на Скутер сакаше да потпишам договор за доверливост, во кој пишува дека не смеам да го споменувам Скутер во јавноста, освен во позитивен контекст и тоа сè до моментот пред да добиеме увид во финансиската состојба на BMLG.“ - започна таа.
„Бараа да потпишам договор со кој би ме замолчеле за сите времиња, за да добијам можност да се борам за сопствените дела. Мојот приватен тим рече дека тоа не е нормално и дека никогаш не виделе таков договор за доверливост“ - продолжи пејачката.
„Никогаш не ми кажаа цена. Беше јасно дека мастер снимките не беа намените да ми се продадат на мене“ - заклучи таа.
Таа потоа откри дека пред неколку недели ѝ се обратиле од инвестициониот фонд „Shamrock Holdings“, кои сега се сопственици на нејзините мастер снимки, наведувајќи дека не можеле да ѝ се јават порано, поради тоа што Браун им забранил. Иако сакала да соработува со нив, тие ѝ откриле дека дел од приходите од нејзините песни и понатаму ќе оди во рацете на Браун.
Она што во оваа приказна е позитивно е фактот што Тејлор повторно почна да ги снима старите песни.
„Тоа не е само возбудлив процес, туку и креативно ме исполнува. Многу изненадувања ви подготвувам“ - напиша и им се заблагодари на обожавателите за поддршката.