Ники Минаж е „полесна“ за 450.000 долари: Го загуби спорот за копирање на песна од позната пејачка
Ники Минаж е раперка која соработуваше буквално со сите во музичката индустрија - штом некое име е поактуелно во поп-музиката, можете да се обидете да откриете дали Ники соработувала со таа личност. Тоа кажува многу за нејзиното влијание во светот на музиката, која не стивнува ниту денес кога се повлече да се посвети на своето семејство, а на свет донесе дете во октомври минатата година. Сепак, ниту влијанието, ниту името не дозволуваат да се поштеди кога станува збор за авторските права - и таа имаше долг спор со познатата пејачка која ја тужеше, а спорот конечно заврши со одлуката таа да плати скоро половина милион долари на оштетената страна!
Како што пренесува „E! News“, спорот кој траеше одреден период, помеѓу Ники Минаж и Трејси Чепмен, конечно заврши. Ако не го знаете името, Трејси Чепмен е 56-годишна ѕвезда која се прослави со хитот „Fast Car“ кој сигурно го знаете, а Трејси е позната и по тоа што е автор на својата музика и за неа е многу важно да ги зачува своите права. Затоа, не се мислеше многу пред да ја тужи Ники, а не беше ни подготвена да попушти, сè додека Ники не и понуди пари!
Како што тврди Трејси, Ники ја замолила да ја искористи мелодијата на нејзината песна, сепак, Трејси јасно одбила, а Ники решила да не ги слуша нејзините зборови и да ја искористи песната за нејзината песна „Sorry“. Сето ова заврши исклучително неславно, бидејќи Ники изгуби 450.000 долари поради оваа небрежност.
Трејси исто така вели дека не се грижи за парите, туку за достоинството на музичките автори и дека е важно да се почитуваат авторските права. „Неколку пати ме замолија да ја користат мојата музика, љубезно и реков не на Ники, но таа реши да не ме слуша“ - рече пејачката.
Тужбата е поднесена во 2018 година, неколку месеци откако Ники го објави својот албум „Queen“.