Ники Минаж се повеќе ги потврдува гласините за својата бременост

Ники Минаж се повеќе ги потврдува гласините за својата бременост

Објавена во: Совети // Семејство

Ники Минаж носи контроверзии каде и да се појави. Многу ѕвезди од рап сцената имаа некој вид на кавга со неа, нејзиниот брак со Кенет Пери, ја доведоа во исто така незгодна ситуација во очите на јавноста, а нејзиното пријателство и соработка со раперот и криминалец Tekashi 6ix9ine дополнително ги влоши работите. Сега кога сите рефлектори се на неа поради новата музика која ќе ја објави, реши дополнително да ги скокотне фантазијата на обожавателите споделувајќи суптилни траги дека е бремена!

Ники на Инстаграм сподели фотографија од снимањето на спотот за новата песна „Trolls“ со 6ix9ine, а обожавателите забележаа дека на таа фотка, како и на неколку претходни, вешто го прикрива својот стомак. Обожавателите веднаш започнаа на Твитер да развиваат теории, иако ни самата Ники не се воздржа од гласините. Раперката одговори и на твитовите, а кога ја прашаа дали го фотографира трудничкиот стомак така одговори: „Да, за неколку месеци. Светот уште не е подготвен!“. 


Што мислите вие, дали е ова е знак дека познатата раперка е во блажена состојба?


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: