Никогаш не би одбила состанок со него: Тамара Тодевска откри со кој би се состанувала засекогаш
Пејачката Тамара Тодевска постојано со своите обожавателите споделува делови од својот професионален, но и приватен живот. На нејзиниот Инстаграм профил често може да најдеме фотографии и видеа на кои позира со своето семејство, пријатели, соработници, колеги...
Според објавените содржини, може да заклучиме дека нејзините деца имаат посебно место во нејзиниот живот и срце, а последната во низата уште една го потврди тоа. Имено, Тамара сподели фотка од нејзиниот син, Дарен, а покрај истата напиша „Мојот вечен „дејт““.
Со ова откри дека кога секогаш кога би требало да одбере со кој да оди на „состанок“, тоа би бил нејзиот наследник.