Никогаш не е прерано за божиќните филмови: Оваа зима ни доаѓа новиот „The Princess Switch“

Никогаш не е прерано за божиќните филмови: Оваа зима ни доаѓа новиот „The Princess Switch“

Објавена во: Stars // Филм

Ооооо да! Третото продолжение е тука за помалку од еден месец...

Хитот на Нетфликс, „The Princess Switch“ се враќа и оваа зима, а Ванеса Хаџенс ќе има тројна улога. Повторно ќе мора да дојде до замена на идентитетот за да се спасат работите. Пристигна и трејлерот кој ни го откри сценариото, а се знае и точниот датум на излегување на филмот.

Се знае дека новогодишните празници се наближуваат кога ќе започнат најавите и датумите на излегување на божиќните и новогодишните филмови. Прв на листата за кој мора да знаеш, доколку го сакаш овој жанр на филмови е „The Princess Switch 3“. Откако излезе првото продолжение, се навлеговме на симпатичната приказна за замена на идентитетот, а Нетфликс последните години секој Божиќ ни носи нов заплет. Трета година по ред ќе ја гледаме Ванеса Хаџенс во оваа комедија и едвај чекаме филмот да пристигне. Засега, ќе се задоволиме само со трејлерот, кој ни открива што точно ќе може да очекуваме во новото продолжение.


Во минатото продолжение ја запознавме Фиона, злобната братучетка на Маргарет, која пропратно изгледа идентично како неа. По неуспешниот обид да го украде тронот, сега се враќа да помогне. Кога од дворот ќе биде украдена реликвијата „Star of Peace“, која пристигна од Ватикан, девојките ќе ги здружат силите за да ја вратат назад. Следува забавна авантура која ќе ве насмее и забавува. Третото продолжение ќе може да го гледате на Нетфликс од 18 ноември.

фото: Imdb / Screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: