Никогаш не оди на спиење пред да ја заврши вечерната рутина: Дали и вашето куче прави нешто вакво? (ВИДЕО)
Сигурно ќе ве разнежни...
Доколку имате миленик, тогаш знаете дека и тие имаат свои навики. Некои од нив се само нивни, но некои се однесуваат и на нас луѓето.
Пени е дакел и има своја рутина пред секое вечерно легнување во кревет. Имено, таа нема да оди да спие доколку сопствениците пред тоа, не ѝ помогат да се намести. Поточно, прво мора да ја погалат, потоа Пени скокнува во својот кревет, потоа ја местат и тоа е тоа.
„Дали и вашето куче прави нешто што на вас ви е потполно нормално, но на другите тоа им е шокантно? Еве, јас сум прва“ - се слуша женски глас во видеото, додека ја гледаме рутината на ова преслатко куче.
Видеото има повеќе од 11 милиони прегледи, а сигурно сме дека ќе ве разнежни и вас.
@pennyshortlegs I suppose not shocking, but very cute #dogsofttiktok #dachshund #fyp original sound - Leothedog