Никогаш нема да бидеш како неа: Поранешниот сопруг на Кортни Кардашијан сака новата девојка да ја претвори во нејзин клон

Никогаш нема да бидеш како неа: Поранешниот сопруг на Кортни Кардашијан сака новата девојка да ја претвори во нејзин клон

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Иако Амелија е само осум години постара од настарото дете на Скот, целото семејство Кардашијан ја поддржува нивната врска...

Таа е млада, згодна и позната, таа го сака Скот Дикс, поранешниот сопруг на една од најпознатите ријалити ѕвезди во светот, Кортни Кардашијан.

Америја Хамлин  е 19 - годишна манекенка и на неа не ѝ пречи разликата во годините.

Веќе се пишуваше дека нејзините родители, актерката Лиса Рина и нејзиниот сопруг Хари Хамлин не ја поддржуваат оваа врска, поради тоа што станува збор за 18 - годишна разлика, но младата Амелија не обрнува внимание на коментарите.

„Лиса смета дека ова е хир на Амелија и уште не сака да дава никакви изјави. Скор им е драг и на неа и на Хари, но се загрижени поради големата разлика во годините и ситуацијата во која би можела да се најде Амелија, за што сметаат дека не е добро за нејзиното ментално здравје“ - рече извор близок на семејството.

Овој пат, атрактивната црнокоса се најде среде скандал поради фотографиите на кои позира полугола.

Иако овој тренд е популарен помеѓу младите девојки, поединци сепак сметаат дека нејзиното однесување е дискутабилно, а некои отидоа и чекор подалеку, па коментираа дека Скот има негативно влијание на нејзиното однесување.

Манекенката неодамна ги зголеми усните, па започнаа приказните дека Скот својата нова девојка планира да ја претвори во една од Кардашијанките. И додека некои коментираат дек Амелија е многу поприродна од најпознатат сестра на светот, други пишуваат дека се претвора во нејзин клон.

„Никогаш нема да бидеш како Кортни. Девојче, ти имаш 19 години, остави ги пластичните операции и фати се за училиштето. Момчето од тебе сака да направи пластична кукла“ - се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку, иако Амелија е само 8 години постарата од најстарото дете на Скот, целото семејство Кардашијан ја поддржува нивната врска.

„Семејството Кардашијан - Џенер им дава потполна поддршка на Скот и Амелија. Сакаат да ги гледаат заедно и сметаат дека Амелија има добро влијание врз Скот“ - раскажа неодамна извор за странските медиуми.

Да потсетиме, Скот од поранешниот брак со најстарата ќерка на Крис Џенер доби три деца, 11 - годишниот син Масон, 6 - годишниот Рејн и 8 - годишната ќерка Пенелопе.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: