Никој не ги гледа ноктите, туку прстенот: Козметичарката на Зендаја сакаше да се пофали со познатата клиентка, но откри уште нешто (ВИДЕО)
Сладок мал детаљ кој открива колку Том ѝ значи на Зендаја...
Зендаја била на маникир, а нејзината козметичарка се пофали на својот Инстаграм профил со нотките кои ѝ ги направила на познатата клиентка.
Марина Добик завршила фантастична работа, меѓутоа, на обожавателите освен убавите нокти, во очи им падна уште нешто.
Имено, актерката на десниот показалец носи прстен на кој се изгравирани иницијалите на нејзиното момче Том Холанд.
И додека едни гледаат „TH“, други на социјалните мрежи пишуваат дека на прстенот е изгравирано „ZH“, како комбинација на почетните букви од нивните имиња.
Зендаја и Том ја држат својата приватност далеку од очите на јавноста. Ретко се појавуваат заедно на црвените килими и ретко споделуваат фотографии едне од друг на социјалните мрежи. Но, како што пишуваат американските таблоиди, секој слободен момент се трудат да го поминат заедно.
фото: Принтскрин / Инстаграм