Никој не ѝ го знае вистинското име и како се прослави: Која е Андра Деј, девојката со која се гледа Бред Пит?

Никој не ѝ го знае вистинското име и како се прослави: Која е Андра Деј, девојката со која се гледа Бред Пит?

Објавена во: Музика, Филм

Андра Деј, која беше номинирана за Оскар, од неодамна е на мета на странските медиуми благодарение на своите неверојатни актерски способности, но најмногу поради наводната романса со Бред Пит.

Пејачката за престижната награда беше номинирана откако ја одигра улогата на познатата пејачка Били Холидеј во биографскиот филм „The United States vs. Billie Holi - day“.

Андра Деј е американска пејачка, текстописец и актерка, а на филм за првпат дебатирала во 2015 година.

Малку е познат фактот дека Андра Деј ѝ е всушност уметничко име. Пејачката е всушност родена како касандра Моник Бати, но подоцна го променила името во Андра Деј по примерот на Били Холидеј - чиј најпознат прекар ѝ бил „Лејди Деј“.

Деј е родена во декември 1984 година во Едмондс, Вашингтон.

Неверојатниот глас кој пејачката го поседува може да се препише на нејзините помлади денови кои ги поминала во црква, пеејќи во хорот евангелистички песни во Првата обединета методистичка црква во Чула Виста.

Нејзиниот талент му западнал во око на легендарниот Стиви Вондер. Во разговор со Live Nation, Деј прокоментирала:

„Ме повика единствениот Стиви Вондер - останав во шок, не можев да верувам што се случува“.

Во скоро време, Андра Деј им го привлече вниамнието на медиумите поради наводната врска со холивудската ѕвезда Бред Пит.

Како што велат извори блиски до Бред, актерот веќе некое време се обидувал да ѝ се приближи на Андра, а искрите се појавиле на доделувањето на Оскарите кога внимателно го следела со поглед, по што флертувале зад сцената.

Наводно тие двајца ги размениле телефонските броеви во бекстејџот на доделувањето на Оскарите, а изворот за „The Daily Mail“, наводно искоментирал:

„Кокетираа во бекстејџот и се верува дека ги размениле броевите на телефонот. Тоа би можело да биде само од професионални причини, но некои од пријателите на Бред коментираат за тоа колку убава двојка би биле.“

Ниту Андра Деј, а ни Бред уште не ги потврдиле, но не ги ни негариле овие гласини. Кога е Андра во прашање, интересно е што првпат застанала во центарот на вниманието уште во 2015 година кога го издала својот првенец „Cheers to Fall“.

Веројатно, нејзина најзапазена песна е „Rise Up“, што ѝ донесе и номинација за музичката награда Грем. Благодарение на улогата „Били Холидеј“ освои и Златен глобус за најдобра актерка во филмска драма.


фото: PROFIMEDIA

Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: