Никој не ме тера да работам, но свесен сум дека ми требаат пари: Тажната приказна на Јован, кој продава малини за да заработи за џепарлак
Јован е вредно момче, кое само си го заработува џепарлакот. Работи работи кои се предвидени за возрасни луѓе, но како што вели, самиот сака да продава малини, никој не го тера на тоа.
Јован Гајиќ, малиот малинар од селото Ситница на Мањача, кој ги освои симпатиите на сите поради штандот покрај патот на кој преку лето продава теглички со ова овошје, го погоди голема несреќа.
Малиот херој и вредниот собирач на овошки и шумски плодови и ученик во седмо одделение во локалното основно училиште, пред неколку месеци ја изгуби својата 43-годишна мајка Божана, наведува „Српскаинфо“.
На неговиот грб се спушти голем товар, голема тага, тага за неговата мајка, но и нови искушенија, бидејќи, како што детето едноставно истакна, мора да продолжи да живее и да се бори, да оди по патот кој неговите родители го учеле него, но и неговата сестра и браќа.
„Мама почина изненадно. Пред тоа не беше болна, одеше во училиштето на работа, таа беше чистачка. Таа не се пожали дека ја боли. Да, утрото, истиот ден кога почина, кажа дека има некои мачнини. Беше утро, а потоа, околу пладне, само падна пред куќата. Лекарите кажаа дека нејзиното срце застанало. Тоа се случи на 19 март“ - изјави Јован, кој тој ден бил дома.
Оваа драма длабоко се врежала во неговиот живот, иако Јован, како и неговата сестра Јована, не се доволно свесни за трагедијата која ги погодила. Во тоа, како што вели сè уште не може да поверува.
Неговата сестра Јована, како што наведува овој портал, ги преземала обврските на мајка ѝ, кои се однесуваат на домаќинството.
„Сега не одам на училиште, поради коронота, не знам како ќе биде до крајот на учебната година. Засега сум дома, готвам, перам алишта, ја чистам куќата. Тато замина со вујко ми да работи некаде да работи, постарите браќа исто така се на работа. Гојко заврши Металошко училиште и работи во фабрика за мебел во Нова Топола, а Небојша нема постојана работа, но секогаш некој го вика за да оди работи скоро секој ден, во Бања Лука, Кркоњиќ Град, секаде“ - вели Јована, која навистина останала потресена по смртта на мајка ѝ.
Младиот брат Јован за неа е голема поддршка и утеха.
„Јован е многу ведар и добар, ме слуша, работи дома, а оди и во училиште. Омилен им е на сите во селото, а и многу минувачи го препознаваат. Се слушна за него поради малините, капините, костените, кои ги продава покрај патот од пролет до есен, но и црниот шешир“ - зборуваше Јована за братот.
Малиот Јован и оваа година продаваше овошје со цел да му помогне на своето семејство.
фото: Принтскрин