Никој не се појавил на роденденот: Неговиот татко ја спасил ситуацијата
Роденденската прослава е најочекуваниот ден во животот на секое дете. Но, кога никој нема да се појави на забавата родителите мора да ги поправат работите за тој ден да биде посебен.
„Мојот син Кејд претходната вечер организираше забава по повод 11 - от роденден. Никој од поканетите пријатели не дојде. Тоа боли.“ - на Твитер напиша Џејсон Фостер, таткото на момчето и објави фотографија од синот, кој со насмевка на лицето се фотографил пред тортата.
My son Kade had his 11th birthday party last night. None of his invited friends came. That hurt. I’m asking my Twitter friends to show him some love today. If you have a minute, please send him a birthday wish. @Marner93 @91Tavares @MapleLeafs #LeafsForever pic.twitter.com/kn0vP1l6z8
— Jason Foster (@NLWildlife) November 3, 2019
Таткото пробал да го утеши Кејд, па своите пријатели на Твивер ги замолил да му „покажат малку љубов и да напишат роденденска честитка“. Објавата стана популарна и Џејсон не се надецал дека на неговиот син ќе му посакаат роденден некои од најголемите ѕвезди на денешницата.
Имено, Фостер го означил хокејскиот клуб „Toronto Maple Leafs“, како омилените спортисти на неговиот син, а честитките набрзо почнале да стигнуваат и од филмските ѕвезди.
„Не можеме да сфатиме што се случи денес. Кејд и остатокот од семејството се воодушевени. На секој кој испрати порака за Кејд му благодарам од срце. Тој е неверојатен син и овој ден никогаш нема да го заборави“ - додаде подоцна гордиот татко кој не ни сонувал дека толку луѓе ќе му честитаат роденден на синот.