Никој нема да крене рака на моите ќерки додека сум жива: Наташа Беквалац како лавица се бори за своите наследнички

Никој нема да крене рака на моите ќерки додека сум жива: Наташа Беквалац како лавица се бори за своите наследнички

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката вели дека никогаш нема да дозволи нејзините ќерки да трпат поради нејзините несогласувања со емотивните партнери...

Пејачката Наташа Беквалац често зборува за падовите и подемите кои ги има доживеано. Зад себе има три пропаднати брака и две ќерки, Хана и Катја на кои е особено горда.

Беквалац секогаш се труди да биде поинаква од другите, отсегаш сакала да води инает и да биде контра сѐ она што не ѝ се допаѓа.

„Една сум од многуте жени кои се одлучиле да живеаат поинаку, похрабро. Инает почнав да водам уште во адолесценцијата, до тогаш се трудев татко ми да не биде тажен што има само ќерки, се докажував, сакав да биде горд на мене, а кога малку подобро ќе размислам, тоа го правам и сега“ - кажа пејачката.

Имала неколку неуспешни врски, а сега открива како се носи со злобните коментари на сметка на нејзините неуспешни бракови.

„Мојата изјава: „Не останував во брак поради моите деца, поради нив се разведував“ беше начин да се спротивставам на жените кои со потсмев и многу гласно го коментираат она што мислат за моите животни неуспеси“ - кажа Нашата за „Hello“.

„Ми велат дека се во брак поради децата, затоа што како да се жртвуваат толку многу што не можат да дозволат нивните деца да растат во раздели семејства, бидејќи на децата им требаат двајцата родители“ - истакна Беквалац и додаде дека никогаш нема да им дозволи нејзините ќерки да патат поради несогласувањата меѓу неа и нејзиниот партнер:

„За многу знам дека имаат лоши бракови, дека децата им ги слушаат секојдневните кавги, понижувања, па дури трпат и разни облици на насилство, но боже мој, важно е да се сочува семејството. Можеби, но не во мојот случај. Хана и Катја никогаш не слушнале повишен тон во нашата куќа и над нив никој нема да крене рака додека сум жива“.

фото: Принтскрин / Инстаграм 

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: