Никој нема да остане рамнодушен: „Вечниот Бог“ во изведба на Ламбе, Антониа и Златните славејчиња (ВИДЕО)

Никој нема да остане рамнодушен: „Вечниот Бог“ во изведба на Ламбе, Антониа и Златните славејчиња (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

На ден пред Бадник, пристигна третата верзија на „Вечниот Бог“...

Сите почнуваат со подготовките за прославувањето на еден од најголемите христијански празници Божиќ. Се подготвуваат највкусните јадења, се договара семеен ручек, а во пресрет на празникот пристигна новата, трета верзија на „Вечниот Бог“.

За оваа верзија да ја доближат до сите христијани - од најмлади до најстари - беа задолжение Ламбе Алабаковски, Антониа Гиговска и дечињата од хорот на Златно славејче.

„Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание.

Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души.

Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме!“ - стои во описот на видеото, кое беше објавено на Јутјуб каналот на Бадникови поворки.

Како изгледа новото ремек дело и како ја пренесоа оваа песна Ламбе, Антониа и Златните славејчиња, погледнете и слушнете во продолжение:


фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: