Никола Којо објави фотографија со најстарата ќерка Ана: Сите ја коментираат нејзината убавина (ФОТО)

Никола Којо објави фотографија со најстарата ќерка Ана: Сите ја коментираат нејзината убавина (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Никола ретко открива детали од својот приватен живот, а за сите овие години, ги нема откриено имињата на неговите близначки.

Меѓутоа, актерот сподели фотографија со својата најстара ќерка Ана, која има 14 години. Сите коментираат дека е копија на татко ѝ.

„Гледај го таткото, бирај го синот...“ - напиша актерот покрај шармантната фотографија.


Којо е посебно познат по улогите во филмовите „Ми нисмо анџели“, а во вториот дел тој глумеше многу „грижлив“ татко, кој го следеше секој чекор на својата ќерка Софија. Без двоумење, во филмот се справуваше со сите нејзини додворувачи.


Таа антологиска сцена се прераскажува и денес, а на прашањето дали некогаш го цитира Никола, актерот низ насмевка за „Курир“ кажа:

„Повеќе го живеам животот на Никола, имам три ќерки убавици“.

Никола Којо е во среќен брак од 2007 година. Со сопругата Александра прво ја доби ќерката Ана во 2008 година, а во 2013 година стигнаа и близначките, чии имиња никогаш не ги откри.

„Имињата не сакам да ги објавувам, бидејќи тие со раѓањето не се осудени да бидат јавни личност“ - во една прилика појасни актерот.

фото: Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: