Нина веќе ѝ ги „краде“ работите: Јелена Томашевиќ откри дека нејзината наследничка веќе го резервирала нејзиниот накит
Нина може да носи и некои нејзини чевли на високи потпетици...
Јелена Томашевиќ важи за една од најубавите жени од балканската јавна сцена. Меѓутоа, како што вели, себе воопшто не се доживува така, иако секако посветува многу внимание и на физичкиот изглед. Од друга страна, најголем обожавател ѝ е ќерката Нина, која некои нејзини чевли на високи потпетици веќе може да ги облече, без да ѝ бидат многу големи.
„Не ги следам трендовите слепо и мислам дека не му стои сѐ на секој, важно ми е да го надоградувам својот стил низ годините. Носам работи кои не излегуваат од мода и мислам дека тоа е одраз на сопствениот стил. Не сакам да трошам многу пари на прескапи работи, но не можам да кажам дека немам квалитетни работи, особено од нашите домашни дизајнери“ - започна Јелена, а потоа продолжи за тоа дека нејзината ќерка веќе почнала да ѝ ги „краде“ работите.
„Сега е веќе голема, многу е висока, може да ги облече сите мои патики и чевли на високи потпетици и да не ѝ бидат многу големи. Веќе ми зборува: „Ова сочувај ми го за кога ќе пораснам, овој накит“, веќе ги резервираше моите работи.
Оди во музичко училиште и добро ѝ оди, уште не сака јавно да се занимава со пеење, навивам да покаже што знае, бидејќи е навистина талентирана, но не ја форсирам“ - заврши пејачката.
Себе, од друга страна, навистина не се доживува како симбол за убавина.
„Не се доживувам себе како симбол за убавина, но секако сакам кога некој освен што пее убаво или глуми, изгледа убаво и се облекува пристојно и тоа се постигнува низ годините, да знаете да ги изнесете сите свои таленти“ - заклучи пејачката, која не размислувала за да корегира било што на себе.
„Со текот на времето научив да ги прифатам своите маани, секој од нас има нешто што би сакал да го промени, но сфаќаш дека си уникатен и поинаков и дека не треба ништо да се допира. Како што поминува времето, сѐ повеќе ги сакам своите несовршености“ - објасни таа на „Serbia Fashion Week“ во Нови Сад.
фото: Принтскрин / Инстаграм