Ништо од смирувањето: Ким му даде лажна надеж на Канје, го искористи, па повторно го откачи
Ким Кардашијан сепак не се смири со Канје Вест, а се шпекулира дека со него се зближила само за да го искористи поради водителската работа во SNL...
Веќе некое време се зборува за наводното смирување помеѓу Ким Кардашијан и Канје Вест.
Наскоро и официјално поранешните сопружници често се гледани во последните месеци во многу блиски односи, што ги надмина нивните тврдења дека се блиски само поради децата.
Ким ја користела секоја прилика да ја промовира работата на својот сопруг, а дури се појави и бината како еден од актерите во претставувањето на неговиот нов албум „Donda“.
Неодамна се најде и во улогата на водителка во популарното американско шоу „Saturday night live“, а главен помошник ѝ беше Канје.
Ким во текот на целиот монолог гледала во некогашниот партнер кој за целото време седеше во првиот ред. Со него и пред финалната вечер се консултирала за сè, почнувајќи од костимот, па сè до однесувањето пред камерите.
Поради тоа сите беа убедени дека Ким конечно ќе му даде втора шанса, но тоа не се случи.
Всушност, извори блиски на Ким велат дека таа избегнува Канје да ѝ се јавува на телефон, ги игнорира неговите пораки, а поголемиот дел од времето е посветена на други проекти, децата, но и на флертувањето со новите потенцијални партнери.
Канје е свесен дека испаднал магаре, бидејќи поранешната сопруга за целото време му давала лажна надеж, а каков ќе биде развојот на стиуацијата, останува да видиме.